Cîroc Original, Pineapple, Mango слика

Cîroc Original, Pineapple, Mango

€9.00
 Водката Сирок (CÎROC) е петкратно дестилирана во историската дестилерија „Шевансо“ во Јужна Франција, создадена од мајстор дестилаторот Жан-Себастиен Робике.

 За разлика од повеќето водки, кои се дестилираат од жито, водката Сирок се произведува од фино француско грозје, сорта Мозак блан, и се одликува со сочен, свеж и кадифено мек вкус.

 Откако поминува уникатен процес на ферментација, гроздовиот дестилат се дестилира со иновативна технологија, за да се произведе исклучително висококвалитетен алкохол без остаточни ароми.

 Конечната дестилација на алкохолот се прави во специјални бакарни казани, што и ја дава на водката Сирок нејзиниот карактеристичен карактер и исклучително свеж и жив вкус.