Glenfiddich Project XX слика

Glenfiddich Project XX

€13.00
 Glenfiddich Project XX е второто полнење во Experimental Projects серијата на дестилеријата Glenfiddich. Резултатот е од нестандардното решение на мајсторот дестилер - сите 20 бренд амбасадори на Glenfiddich од 16 различни држави, избираат по една поединечно буре од складиштата на дестилеријата, кои потоа мајстор дестилер Брајан Кинсман ги собира во еден исклучителен сингл малц.
Различни бурбон, порт и шери бури комбинираат карактеристичните аромати во ова длабоко уиски, со плодов, мек карактер, со нотки на цимет, ванила, темно чоколадо.

 Боја - Темна, заситено златна.

 Арома - Класични Спејсајд аромати, окосена трева, портокал, ванила, суво грозје, суви кајсии, масло.

 Вкус - Грејпфрут, карамелен фуџ, ванила и цимет. Лесна текстура со доминантни вкусови на суво грозје, фурми, јаткасти плодови, јаболка, сливи, млечно чоколадо.

 Завршеток - Долг со преовладувачки слатки тонови на чоколадо и палета од есенски плодови - јаболка, круши, десертно грозје.