Tamnavulin Single Malt слика

Tamnavulin Single Malt

€5.50
 После скоро две децении, во кои дестилеријата од Спејсајд произведува само малцови, кои се продаваат на други марки, за да влезат во нивните блендови, решава да издаде повторно малц со своето име. Tamnavulin Double Cask е првото од серијата такви вискија. Одлежува во буриња од американски даб, а потоа финишира во буриња од шери. Резултатот е пријатно овошно виски, како што може и да се очекува од оваа комбинација на буриња. Од неговото создавање успеа да добие неколку медали од различни натпревари, што е добра атестација за производот и дестилеријата.

 Неговиот аромат е на чоколаден мусе, варени јаболка и кафеава шеќер. Вкусот е на божиќни слаткиши, чоколадни брауни и жолти сливи. Финишот е прилично долг и повторно сладок.