
Rittenhouse Rye
€8.00
Многу популарно 'ржано виски меѓу бармените и кое доаѓа од Пенсилванија. Самото име е посветено на истоимениот плоштад во Пенсилванија, но тоа не е главната причина за популарноста на марката – вкусот е одлучувачкиот фактор. Самото виски го носи терминот Bottled in Bond кој оддава чест на едни од најстарите договори меѓу Американската влада и локалните производители на виски. Иако дел од минатото, овие договори се применуваат и денес со цел да бидат гарант за квалитет – но нема да ве досадуваме со излишни бирократски барања, туку само ќе споменеме дека секое Bottled in Bond виски како ова мора да има алкохолен степен од точно 50% . Тоа и фактот дека е исклучително вкусно 'ржано виски би требало да бидат доволни за да го задржи Вашиот интерес.